Вака ќе изгледа една од најголемите џамии што ќе се гради во Скопје


Во општина Чаир ќе се изгради една од најголемите џамии во Македонија. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи пред неколку дена ги поставија темелите на новото верско здание, во чии рамки се предвидени научно – едукативен центар, амфитеатар, библиотека, читална и останати содржини што ќе дадат поттик за проучување на исламот, пишува Бриф.мк.

djamija skopjeСпоред веб – страницата на општина Чаир, овој верски храм ќе биде првиот во нашата земја кој ќе има верски и научен карактер. Дел од просториите во идниот објект ќе се користат и за образование на студентите кои ја изучуваат исламската теологија.

Новата џамија ќе има трапезоидна форма, со четири минариња и ќе биде лоцирана во населбата Топанско поле, во непосредна близина на Балканскиот универзитет и новиот комплекс на Државниот универзитет во Тетово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1