Вака ќе изгледа свадбата на Клуни – луксуз на сметка на баба и дедо


Славниот холивудски ерген Џорџ Клуни за кратко ќе застане на лудиот камен. Иако многумина се сомневаа дека познатиот актер конечно ќе се ожени, венчавката е веќе закажана во романтичната Венеција. Американските медиуми успеаја да дознаат детали околу организацијата на венчавката на Џорџ Клуни и Амал Аламудин.

Венчавката ќе биде отмена, а поканети се околу 60 роднини и пријатели. Меѓунив се најдобриот пријател на Клуни, Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана како и Ранде Гербер со сопругата, манекенката Синди Крафорд. Се уште не се знае дали на случувањето ќе присуствуваат новопечените младенци Анџелина Џоли и Бред Пит.kluni amal

Џорџ и Амал на 26 септември имаат свечена вечера со гостите во хотелот „Чипријани“ каде цената за една ноќ изнесува 1.150 евра. Следниот ден гостите и младенците ќе се упатат во луксузниот хотел „Аман“ каде во 11 часот ќе се случи церемонијата. Овој хотел се наоѓа во палатата Пападопули и има дури седум ѕвезди. Во него се наоѓаат соби со најубав поглед на градот.

На приемот ќе се служат италијанси и либански специјалитети, а на гостите ќе им пее славниот италијански оперски пејач Андреа Бочели кој пееше и на венчавката на Ким и Канје. Интересно е дека венчавката ќе ја плати семејството на Амал, а не еден од најбогатите актери.

Се шпекулира дека Амал ќе нови венчален фустан од модната куќа Александар Меквин исто како и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Пијалоците се веќе прецизирани. Ќе се служат дури 50 сандаци текила „Касамигос“, бренд кој го основаше Ранде Гербер со Џорџ Клуни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1