Вакво е чувството да умрете! (видео)


Американската хемиска организација објави видео во кое објаснува што се случува со нашиот мозок и тело во моментот кога ни се приближува смртта (во овој случај убиец со секира).

Стравот го активира таламусот, делот од мозокот кој работи како прекинувач и почнувате да чувствувате опасност од ситуацијата. Стравот ви се движи низ крвотокот по пат на глутаматот, а хипоталамусот се подготвува за борба или бегање. Се зголемува нивото на адреналин и кортизол, а црниот дроб ослободува глукоза во налет на недостаток на шеќер.zivot-smrt

Во ситуациите на страв и опасност, често доаѓа, како во хорор филмовите, до врескање, но тоа нема да го спречи манијакот да ви ја забие секирата во градите. Кога ќе се случи тоа, доаѓа до интензивна болка и губење на крв. Би искрвариле и срцето би престанало да ви работи.

Меѓутоа, “филмот” не завршува тука. Доколку не постои повреда на главата, електричната активност на вашиот мозок и понатаму е активна. Иако го губите видот, можете поради оваа мозочна активност да гледате блескави светла, пред да умрете и биолошки (апсолутна смрт). Оваа реакција научниците ја објаснуваат како искуството на многу луѓе после клиничка смрт, каде доколку докторите ги оживеат зборуваат дека виделе бела светлина и некои облици.

ZaZabava.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1