ФОТО: Српски политичар е еден од петте момчиња кои се обиделе да ја силуваат Милица Костиќ


Томислав Николиќ, членот на партијата СНС и член на Советот на МЗ Лазарица во Крушевац, е еден од петте насилници кои се обиделе да ја силуваат Милица Костиќ (18), кој пред 41 година се убила скокајќи од единаесеттиот кат за да ја сочува својата чест.

Во сеќавање на настраданата девојка, познатиот пејач Здравко Чолиќ и ја посвети песната „Таа спие“.1tom500

Отслужил казна од девет години

Томислав Николиќ не сакал да го коментира трагичниот  настан.

-Јас сум член ан СНС од основањето и не сакам да се враќам во времето до пред четири децении. Зошто тоа ве интересира, сега имам свое семејство. Зошто ме вознемирувате, зошто ме враќате 41 година наназад? Работам во водовод и имам уште три години до пензија. Ве молам да ме оставите на мира- изјавил за српски Курир Николиќ, кој според наводите објавени во медиумите отслужил казна затвор од девет години поради страшниот настан во станот во кулата во Крушевац.3tom500

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ на конференција за медиумите, која била одржана на 24 декември 2013 година во времето додека бил градоначалник на Крушевац, на прашањето дали знае дека кандидатот на СНС Томислав Николиќ е поранешен осуденик, кажал: „Тој поштено ја отслужи својата казна. Тој сега ги има истите права како и сите други граѓани“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1