Пожар во затворот во Тетово, четири лица повредени


Синоќа избил пожар во подрумските простории на затворот во Тетово, при што четири лица се повредени. Пожарот избил во просторијата каде што била сместена котларницата од системот за затоплување на објектот.zatvor kuman2

Во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и пожарникарите успеале да го изгаснат и да спречат негово проширување низ целиот објект поради излевањето на нафта од резервоарот во котларницата, јави Канал 5.

Четири лица кратко време биле згрижени во тетовската болница зошто вдишале чад, по што се вратени назад во затворот.

Пожарот избувнал во моментот кога се вршела поправка на системот за греење која ја спроведувале мајстори и дел од затворениците.

Полициски екипи направија увид на местото на настанот,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1