Ванчо Каргов екс-директор на Царина, заминува во дипломатијата, изјави денеска премиерот Груевски, откако медиумите објавија дека е отворен оглас за претседател на Инспекцискиот совет, функција која ја извршуваше Каргов.
Во Централниот регистар впишано е името на Иринка Ќосева како вршител на должноста претседател, а од евиденцијата е избришан досегашниот претседател на Инспекцискиот совет Ванчо Каргов.
Премиерот Груевски изјави дека досегашниот претседател на Инспекцискиот совет, Ванчо Каргов, заминува на друга должност во дипломатија.
Најдобрите и најквалитетните кадри, како што рече, ќе бидат интервјуирани, ќе бидат проверени нивните квалификации и ќе се изберат најдобрите и најсоодветни кандидати.
Во тек е и оглас за вработување на нов претседател на Инспекцискиот совет. Тој треба да исполнува повеќе критериуми, а огласот трае до 18 август.