Вчера во 13,45 во ЕИК-Скопје, Б.А.(1992) од нас.Ќерамидница-Скопје, пријавил дека по течението на реката Вардар покрај левиот кеј забележал женски леш на возраст од околу 40-45 години, кој влегол во реката и го извадил.
Од доктор од екипа на итната медицинска помош констатирана е смрт.
На телото на починатата не се забележани траги на насилство. Увид на лице место извршиле ЈО и екипа од СВР-Скопје.
По наредба на ЈО, телото е предадено на обдукција.