Вардар се излеа пред Гевгелија


Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози,

Сообраќајот кај клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.gevgelija_01

На патниот правец  Демир Капија – Корешница воведена е забрана за сообраќај за патнички возила поради излевање на река Вардар на коловозот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1