Зошто е разрешен заменик директорот на Агенција за разузнавање ?!?


Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, под чија надлежност е Агенцијата за разузнавање, го разрешил заменик-директорот Албанец во оваа институција, Мухамед Исмаили, јавуваат албанските портали ИНА и Алсат – М.

Според Алсат – М, револтот кај вработените Албанци во Агенцијата за разузнавање е голем и тие не ја прифаќаат одлуката на претседателот за разрешување на заменик-директорот. Ваквиот потег на Иванов бил виден и како одмазда кон ДУИ поради бојкот на последните претседателски избори.agencija za razuznavanje22

Во оваа институција отсега нема да има функција заменик-директор поради новата систематизација предвидена од самиот претседател, а која претходно министрите Албанци овозможија да помине во владата.

Преку соопштение на ДУИ, разрешувањето на Исмаили го оценуваат како непринципиелен чекор, и оваа одлука ја одразува кризата на легитимитет што ја има претседателот и само ја засилува идејата на ДУИ за консензуален претседател.

„За ДУИ, оваа одлука, исто како и одлуката за именување членови на Советот за национална безбедност пред неколку месеци, ја одразува кризата на легитимитет на претседателот Иванов. Многу е јасно дека разрешувањето на г. Исмаили е направено единствено од политички мотиви, а не поради професионални причини, поради што таквиот акт заслужува осуда. ДУИ, која и понатаму Иванов го смета за нелегитимен за Албанците, смета дека институцијата Претседател не смее да служи за расчистување сметки со ниедна албанска политичка сила, а уште помалку со партија која ги ужива легитимитетот и довербата на мнозинството Албанци“, пишува во реакцијата од ДУИ.

Без оглед на реакцијата, во соопштението на ДУИ не се даваат објаснувања, зошто токму нејзините министри во Владата дозволија да помине новата систематизација предвидена од претседателот, јавува Алсат – М.

Досегашниот заменик-директор на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили, во ова институција започна со работа во 1999 година, а од 2003 година е на позицијата заменик-директор. Причината за разрешување од должноста не е поради неуспехот во работата или некаков пропуст, туку се чини дека одлуката е политички мотивирана.

Извор: Алсат – М

Фото: ИНА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1