Студентите се подготвени за окупација на факултетите


Професорскиот пленум и Студентскиот пленум, заедно со останати студенти и граѓани се собраа за да дискутираат за понатамошните дејствувања во врска со веќе донесениот нов закон за високото образование. univerzitet

Состанокот, кој траеше речиси 2 часа, беше продуктивен од многу аспекти. Студентите ги искажаа своите ставови за ситуацијата, а не молчеа ниту професорите. Сите едногласно се изјаснија дека ова нема да остане вака и дека се подготвени на секакви мерки. Овие мерки вклучуваат дури и окупација на факултетите, што е реална можност во моментов.

Имено, Студентскиот пленум и Професорскиот пленум се поканети од страна на УКИМ да учествуваат на работна група составена од претставници на УКИМ, СПУКМ и пленумите, на која ќе присуствува и Министерот за образование. Оваа работна група ќе се обиде да му покаже на Министерот зошто законот треба да биде поништен.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1