Вардар се излеа во валандовско –гевгелискиот регион


Во валандовско повторно се излеа реката Вардар кај с. Марвинци и под с.Јосифово и поплавени се истите површини од претходното излевање. Сообраќајот на патниот правец Р1401 клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на сообраќајницата.vardar izlean poplava

Во Гевгелија и Богданци поради зголемената кота на течението на река Вардар кај мерна станица во Демир Капија се очекува излевање на реката долж течението кај с. Мрзенци и с. Богородица на земјоделските површини но нема опасност за поплавување на објекти. Известени се надлежните структури за зголемувањето на котата на водостојот на р. Вардар

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1