Уапсени двајца полицајци – за дебели пари соработувале со службите и со Верушевски


Педесет и две годишниот Ѓ.Л. од Скопје и 49-годишниот З.К. од Велес се двајцата новоосомничени во случајот „Пуч“ кои се идентификувани како соработници со веќе пријавените во истоимената полициска обработка.

-Двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, превземајќи активности и чекори за кои биле богато финаниски наградени. Од првично направените проверки имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина но и во акции кои завршиле кај нив. Лицата се сомничат за кривични дела шпионажа и насислтво према претставници на највисоките државни органи, истакна помошник министерот за односни со јавност, Иво Котевски.apsenje

Според Сител двајцата уапсени биле полицајци, но едниот, обвинетиот од Велес уште во 2013 година добил отказ од МВР по што неговата имотна состојба пак нагло се зголемувала.

Во претресите во нивни домови и други локации се пронајдени голем број на материјали, запленети се 5 лаптоп компјутери, три куќишта од компјутер, 19 мобилни телефони од кои 6 со сим картички, 100 CD и DVD, 110 видео и аудио касети, 14 флопи дискови, 17 хард дискови, како и 9 штедни книшки кои дополнително ќе бидат предмет на вештачење.Од запленетите книшки, четири девизни се од Стопанска банка со штеден влог со вредност од околу 13 илјади евра и 5 од Еуростандард банка од кои 2 девизни со штеден влог 24.600 евра и три денарски книшки со штеден влог од над 9 милиони денари.

Двајцата осомничени по поднесената кривична пријава за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи се изведени пред судија на претходна постапка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1