Богатсвото на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, ќе биде поделено меѓу неговите четири деца, а неговата сопруга нема да добие пари од наследството.
Кристал Харис, која има 31 годинa, пред венчавката со Хефнер во 2012 година потпишала предбрачен договор, па се смета дека нема да наследи ништо од неговите милиони.
Иако се верува дека Харис не е додадена во тестаментот на Хју Хефнер, наводно финансиски ќе била згрижена.
Во 2013 година магазинот „Ју-ес Викли“ напиша дека 43-тите милиони долари од богатството на Хефнер ќе ги поделат неговите четири деца, ќе се дадат пари за Универзитетот Јужна Калифорнија и за неколку добротворни здруженија, чија работа Хефнер ја поддржувал низ годините.
Инаку Харис во 2011 година по прв пат требаше да се венча со основачот на „Плејбој“, но венчавката беше откажана зашто таа се предомислила. Повеќе од 300 гости требало да присуствуваат на церемонијата што била откажана само пет дена пред закажаното. Парот раскина по откажаната венчавка.
Во 2012 година се смириле и Хефнер изјавил дека со Кристал сака да го помине остатокот од својот живот. Исто така тврдел дека огромната разлика во години меѓу него и неа не се проблем.
– Сакаме да поминеме заедно онолку време колку што ми остана – напиша Хефнер на Твитер.
Харис пак додаде дека оваа втора венчавка била поинаква, затоа што била возбудена за разлика од првиот пат.
– Овојпат чувството е чудесно. Многу сум среќна и Хеф е многу среќен и возбудени сме – посочила Харис.
Кристал Харис е третата сопруга на покојниот Хју Хефнер.
Основачот на „Плејбој“ во 1949 година се ожени со Мидред Вилијамс и беа во брак десет години.
После тоа, тој се ожени со Плејбој зајачицата Кимберли Конрад, во 1989 година, со која исто така се разведе после десет години брак.
Инаку „таткото“ на Плејбој зајачиците има четири деца – Кристи, Дејвид, Марстон и Купер.