Девојче кое побегна со наставникот: Спиев со него и не ми е жал! (ВИДЕО)


Елизабет Томас имала само 15 години кога ја киднапирал нејзиниот 51-годишен наставник Тед Куминс, кој тогаш бил оженет.

Започнала голема полициска акција, а Елизабет денес вели дека не ѝ е жал што побегнала со Тед. Ги барале ширум американската сојузна држава Тенеси, сè додека не ги пронашле во април во Калифорнија.

Кумнис ги фрлил нивните мобилни телефони во река, го исклучил ГПС уредот во својот автомобил и двајцата ги бојадисале косите. Ѝ оставил порака на својата сопруга во која напишал дека заминал малку да ги разбистри мислите, но не ја спомнал Елизабет.

Елизабет очигледно сонувала за брак со Тед, бидејќи на Инстаграм напишала „сопруга“ и ставила емотикон во облик на прстен. Бизарната двојка била забележана како купува кондоми и други работи, а ги пронашле во скриена дрвена куќа.


Потрагата траела пет месеци. Тед признал дека спиеле заедно. Признал и дека пред да ги фатат купил скап кајак и планирал бегство со Елизабет во Мексико.

Судењето на Тед би требало да започне во јануари. Елизабет ретко давала изјави за јавноста.

– Не жалам поради тоа, но не велам ни дека беше исправно. Тоа беше искуство со кое ќе живеам до крајот на животот. Тоа е добро и лошо – рекла Елизабет.

Таа додала и дека е шокирана поради тоа што луѓето ѝ поставуваат толку лични прашања.

– Мора сите да се смират. Јас сум само човек. А луѓето зборуваат за мене како да ме познаваат… – изјавила Елизабет.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1