Астролозите најавија дека ноќта меѓу 12-13 ќе паѓа метеорскиот дожд Персеид.
Во моментот кога овој феномен ќе го достигне својот зенит, ќе можат да се видат како паѓаат и сто метеори во еден час. Добро околност е тоа што во тоа време Месечината ќе биде во темна фаза и нема да пречи нејзиниот отсјај.
Метеорскиот дожд Персеид годинава ќе биде активен од 13 јули па до 26 август, а најголема видливост ќе има вечерва.
Парсеид потекнува од опашката на кометата Свифт-Татл, која додека прави круг околу Сонцето остава зад себе облак метеориди кои се движат со 60 километри на час.