Вечер „Звуците на чаршијата“ – почнува со концерт на Слаткар


Концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети ќе понуди 9. манифестација „Звуците на чаршијата“ што ќе се одржува денеска и утре.

Фестивалот ќе почне вечер во 21 часот со концертот на Слаткаристика и Шпенд Латифи на плоштадот „Филип Втори“. SLATKAR I SASA

Утре напладне на платото пред Штуловиот универзитет ќе настапи Аква Денс, а од 13 часот ќе настапи Ансамблот на староградски македонски песни и ора „Серенада“ од Виница. На плоштадот „Скендербег“ ќе има ликовна колонија, а ќе настапат Сарана Османи со група млади уметници кои ќе свират на класични инструменти, ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и ќе има книжевна вечер. Од 20 часот до полноќ во Куршумли Ан ќе настапат Шкурте Фејза и Агим бенд,  Адријан Гаџа, Флоријан, Линдон, Ледри и Ера Естрефи.

Манифестацијата придонесува за заживување на Старата скопска чаршија од културен аспект и ги покани скопјани да уживаат во програмата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1