Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски вечер на фестивалот на виното „Виноскоп 2014“ ќе делат бесплатни ваучери за такси превоз.
Акција, како што соопшти прес-службата на Град Скопје, е дел од активностите на кампањата за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“.
Кампањата се реализира во соработка со голем број такси компании и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.