Повторно се апсат лица за настаните поврзани за 27 април. Обвинетите за случувањата во Собранието кои добија домашен притвор вечерва повторно ги апсат.
Дел од оние шестмина кои добија домашен притвор, полиција вечерва со лисици на раце ги изнела од нивните домови и ги носи во притвор во Шутка.
М.П. од Кавадарци кој доби домашен притвор пред околу еден час е собран од страна на полициски службеници поради, како што велат, уважена жалбата на ОЈО со која се барал притвор. Иста е и ситуацијата со кумановката Е.Д.Б. на која и беше одреден куќен притвор.
Жалбите се на барање на обвинителката Вилма Русјаковска, а судот ги уважил жалбите на обвинителството.
Според непотврдени информации приведени се и останатите обвинети кои добија домашен притвор. Во куќен притвор беа С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј.
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски вечерва е недостапен на својот мобилен телефон.