Вечерва се палат бадникарски огнови


Во пресрет на утрешното празнување на Бадник, верниците во сите населени места вечерва палат бадникарски дрва.

badnik oganОпштина Карпош традиционално организира прослава со палење Бадников оган спроти празнувањето на Бадник и Божик. Општината обезбедила 70 метри кубни дрва за сите месни заеднци при општината чии куќни советi доставиле барања за дрва за бадникарски огнови.

Централната манифестација на палење оган ќе се одржи кај Спортско-рекреативниот центар Влае 2 со почеток во 19 часот. Таа ќе биде збогатена со културно-уметничка програма, а ќе се служат и топли пијаlaci и посна храна согласно со православните обичаи.

Традиционално палење на бадникарски оган ќе се одржи и во населбата Маџари во општина Гази Баба, во дворот на црквата Св. Кузман и Дамјан. Претходно во црквата свештеници на МПЦ-ОА ќе одржат божествена литургија. На манифестацијата, која ќе почне во 19:30 најавено е присуство на градоначалникот и претседателот на Општина Гази Баба Тони Трајковски и Милан Андоновски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1