Вечерва спектакл на небото – Супер Месечина и метеорскиот дожд „Персеиди“


Вечерва небото ќе имаме ретка можност да уживаме во прекрасната глетка на „Супер Месечината“ и метеорскиот дожд „Персеиди“.

Лондонски „Телеграф“ јави дека „Персеидите“ денес ќе се поклопи со „Супер Месечината“, што е еден од најисчекуваните настани во астрономскиот календар.

Krvav-mesec-1Месечината ќе се претстави во своето најголемо и најблескаво издание последниве 20. години, затоа што ќе биде полна, но ќе се најде и на точката каде е најблиску до Земјата (перигеј).

Метеорскиот дожд „Персеида“, во текот на следните два дена ќе го достигне својот максимум, а се очекува во одредени моменти покрај Земјата да поминуваат и вистински „огнени топки“, посветли од Јупитер и Венера, што на небото ќе направи неверојатна глетка.

Супер Месечината е релативно честа појава. Се случува во просек на секои 13 месеци и 18 дена, а ова лето ќе се случи три пати. Првиот пат беше на 12-ти јули, а Месечината ќе блесне во целата своја убавина уште еднаш на 9-ти септември.

Сепак, денешниот феномен е посебен, затоа што нашиот природен сателит ќе биде најблиску до Земјата. Само неколку минути откако ќе стигне во перигеј, Месечината ќе ни ја покаже целата своја осветлена страна, феномен што ќе се случи повторно дури во 2034 година.

Кога е во перигеј, Месечината е за 14 % поголема и 30% посјајна од останатите периоди на полна Месечина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1