Вечерва сведочи заштитениот сведок за убиството кај Смилковското езеро


Четворицата осомничени за петкратното убиство кај Смилковското езеро, во близина на скопската населба Радишани, денеска попладне, биле донесени во Основниот суд во Скопје, дознава “Нова Македонија” од извори во судот

Се очекува  осомничените да присуствуваат на распитот на заштитениот сведок, кој  ќе даде свој исказ пред судот. Судот бил под силно полициско обезбедување, а на вработените им било речено да  заминат порано дома.

4 момчиња и рибар беа свирепо убиени во април кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиени беа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1