Вечерва журка на плоштад Македонија – Калиопи, Куку Леле, Тијана Дапчевиќ ..


Калиопи, Куку Леле, Тијана Дапчевиќ и Мустафа Имери вечерва ќе настапат за дочекот на Нова година на плоштадот „Македонија“.

nova_godina_208757671Концертот ќе почне во 21 часот, а ќе го отвори младиот интерпретатор на забавни и народни нумери, Имери.

Традиционално, и оваа година настанот е во организација на Град Скопје, Т-Мобиле и Македонски телеком.

Новогодишниот концерт ќе трае до раните утрински часови, а за точно на полноќ се најавува и голем спектакуларен огномет.

Организаторите упатија апел за поголема посетеност на настанот, бидејќи по неколку години, на новогодишниот концерт ќе настапуваат само македонски реномирани изведувачи и најавија незаборавна вечер за посетителите.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1