Веќе десет години се буди мислејќи дека е 14 март 2005


38-годишниот Вилијам дошол на Универзитетот Лестер во Англија и ги вчудоневидел научниците со фактот дека секој ден отпочеток го живее 14 март 2005 година.

Имено, тој секое утро се буди уверен  дека е токму тој датум, дека уште служи војска  и дека треба да оди на стоматолошки преглед, а потоа во продолжение на денот не може да ги запомни новите информации.insomnia - spie

Докторот Џералд Бурџс смета дека овој случај е единствен на светот во полето на амнезијата и истакнува дека Вилијам на се сеќава до тој ден до 13.40 часот, а потоа му се случува некакво „ресетирање во неговата глава“ бидејќи нови информации може да ги чува само 80 минути.

– За да функционира нормално неговата сопруга секое утро го потсетува да го вклучи компјутерот и за да ги прочита сите задачи кои мора да ги изврши тој ден, како и тоа да се потсети на сите информации кои му се потребни – напишал доктор Бурџс, кој тврди дека Вилијам не лаже.

Докторот појаснил дека со него работи веќе 10 години и дека нема шанси да се преправа, додавајќи дека верува дека кај Вилијам проблемот е во тоа што во неговиот мозок не доаѓа до синтеза на протеини, што доведува до тоа неговиот мозок да не биде во состојба да создаде нови сеќавања.

Неговата состојба е многу слична како кај пациентите кои боледуваат од антероградна амнезија и не можат да ги префрлат информациите од краткорочното во долгорочното помнење, но историјата на болеста и симтомите не се поклопуваат во целост нагласува докторот.

Инаку Вилијам  никогаш не претрпел удар во главата, ниту во неговиот мозок е пронајдено оштетување , па затоа само може да се шпекулира која е причината за неговата состојба во која се наоѓа денес .

Докторот смета дека проблемите на Вилијам непосредно започнале по амнезијата на забар, но истакнува дека нема доказ дека тој момент бил пресуден и дека е виновен за неговата состојба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1