Вељаноски ги распиша изборите – ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша изборите, информириаат од неговиот кабинет.Вељаноски денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори што ќе се одржат на 5 јуни, соопшти собраниската прес-служба.

Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи.

Почитувани граѓанки и граѓани,

Верувам дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера и дека секој од нас на 5 јуни ќе го оствари своето право да гласа, односно да ја даде својата доверба на оние политички субјекти во кои верува дека ќе можат да остварат стабилна сегашност и подобра иднина.VELJAN

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1