ЧАУШ ВО СУД: Почнува судењето на главниот осомничен во „Фабриката за афери“


Денеска во Кривичниот суд ќе почне судењето на Захир Беќири – Чауш, главен осомничен во случајот познат како „Фабрика за афери“, односно аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи.caus5

Скопското обвинителство на 1 овој месец поднесе обвинение против Зеќири и неговиот брат И.Б. Со обвинението Чауш се товари за три кривични дела: изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело, фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци.

Инаку, Чауш во моментов издржува казна затвор во „Идризово“ за друго кривично дело. Пред почетокот на судскиот процес за Захир Бекири-Чауш, неговиот адвокат Мирослав Вујиќ тврди дека тој не ги видел доказите кои ги има Обвинителството.

Заради ова, тој бараше одлагање на процесот, тврдејќи и дека неговиот клиент бил држен во Основното јавно обвинителство, каде му било вршено притисок, трпел закани и добивал непринципиелни предлози.

При претреси на седум локации во Скопје и во околината, како и во ќелијата на Чауш во „Идризово“, беа пронајдени поголем арсенал оружје, лаптопи, мобилни телефони, електронски мемориски уреди и разна документација голема количина муниција, една армиска пушка, пиштол, преса за печатење, хард-диск, чија содржина засега е непозната, како и печатена документација. При првичните претреси во неговиот дом во декември минатата година беа откриени повеќе од 70.000 снимени разговори, а кои, според сознанијата на истрагата, требало да бидат употребени како материјал за уценување лица од бизнис-секторот и од политичката сцена во земјава.

Чауш, како што покажа истрагата, бил во честа комуникација и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и со техничкиот министер во МВР, Оливер Спасовски, кој е исто така на висока позиција во опозициската партија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1