Не е само Јелена: Лицата кои брутално ги убија ови млади луѓе, шетаат на слобода во Србија


Убиството на Јелена Крсмановиќ ја потресе јавноста периодов, но за жал не е единственото убиство во Србија кое не е расветлено. Засега не е фатен убиецот на пејачката на Гранд која беше брутално убиена со 30 удари од дрвена палка.ubieni-vo-srbija

Милица Барашин од Србија е една од оние лица кои ќе останат запаметени како убиени на свиреп начин, а за кои никој не сносил вина. Девојката беше убиена на 7 октомври 2010 година, а кобната ноќ имала слушалки на ушите и не слушнала дека некој се движи позади неа. Момчето кое последен пат ја видело рекло дека позади неа имало маж со капа на главата. Ја нашла жена која поминувала на местото на убиството, целата искасапена.

Убиството кое ја потресе цела Србија е она на Џорџе Андрејиќ, малото момченце чиј што убиец уште е на слобода. По неговото пријавување како исчезнат, тој беше пронајден мртов, убиен на брутален начин. Ни крвта на неговата глава не покажа кој е убиецот.

И Велбор Вучеровиќ кој беше познат автор на песни е убиен во март 2010. Неидентификуваниот убиец пукал во него во Нови Сад. Ова убиство уште не е расчистено.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1