Велешанка се обидела да го запали судот во Велес


Жена од велешкото Башино село утринава околу 8:30 часот се обидела да го запали Основниот суд во Велес.

molotovКако што дознава Курир, жената во шише имала бензин со кој ја испрскала вратат од судот, но во обидот истата да ја запали и да предизвика пожар била спречена од судската полиција.

На ваквиот чекор таа се одлучила незадоволна од судските рочишта кои се водат против неа поради претходно поднесени кривични пријави.

Имено, велешанката М.П. е пријавувана бидејќи во повеќе наврати во Башино село сечела бандери поставени од ЕВН, посочувајќи дека биле на нејзин имот, но бандерите биле поставени на државно земјиште.

Во еден случај таа се обидела да запали и бетонска бандера откако ЕВН поставила таква по претходното сечење на дрвените од страна на велешанката.

Обновено

Полицијата во Велес ја приведе велешанката – Се работи за 47-годишната М.П која утрово во 8 часот и 30 минути се заканувала дека ќе го запали Оснониот суд во Велес.

Таа со пластично шише од прашок за садови „Сјај“ во кое се наоѓал бензин ја попрскала влезната врата на судот, и сакала да  запали, но не успеала бидејќи била приведена од полицијата.

– М.П. е на распит и најверојатно против неа ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност, изјави за МИА  Александар Костов од СВР Велес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1