Велика Храстиница стана „мал Кувајт“, потекоа првите литри од црното злато



Граѓаните од Велика Храстиница, село во Хрватска, веќе кројат планови како да си го подобрат животот, компанијата ИНА пронајде извор на нафта.

Во тек е уредување на целата документација околу тоа кој ќе го има ќарот од заработката. Се проценува дека ИНА може да прави обрт од 50 милиони долари на годишно ниво. Богатата дупка се наоѓа на приватно земјиште, но сопствениците од тоа нема да имаат голема парична корист. Сепак жителите се надеваат дека поради нафтата, ќе профититра барем нивното место и општината.
„Не станавме мал Кувајт, но би можеле многу работи да се направат“, изјавил Томо Бахлен еден од жителите на Велика Храстиница.
„Потребен ни е нов асфалт“, изјавила Марица Банковиќ.
Нафтата е пронајдена на 2000 метри длабочина.
„Местото каде што е пронајдена нафтата, 60 сантиметри е во поседство на мојот син, а веднаш под него е рудното богатство“, говори Драгица Мичир.
„Ќе се направат сите оние потребни работи кои што ги засегаат жителите на ова место. Ќе изградиме канализација“, изјави Јосип Блажак, заменик началникот на оптшината Криж.
Од 2000 до 2009 година избушени се четири дупки, оваа година компанијата планира да избушиме уште толку.

Share Button

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1