Вереник ја оставил пред свадбата, зашто поради болест се здебелила 30 килограми


Манекенка се разболела од тумор на мозокот , но најголемо разочарување и било кога вереникот ја оставил на само една недела пред планираната венчавка.

Британката Емили Николсон (24) , која поради болеста и стероидите се здебелила 30 килограми , преживеала тешка траума. Таа се преселила во 2012 во Австралија поради кариерата како манекенка , која и била во подем. Но , во 2016 и бил дијагностициран тумор на мозокот.

Но , и покрај болеста Емили и нејзиното тогашно момче Џејми Смит (24) , планирале свадба. Докторите и предвиделе дека ќе живее уште само пет години.

На само една недела пред свадбата , Џејми ја оставил Емили и тоа преку месинџер на Фејсбук. Поради терапијата ,таа се здебелила 30 килограми.

Џејми во пораката напишал дека не ја сака, поради нејзиниот сегашен изглед.

Џејми , кој работи како поставувач на кабли , за австралиските медиуми ги отфрла обвинувањата дека ја оставил болната девојка на една недела пред венчавката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1