Вереникот на Боби Кристина ја дрогирал и онесвестена ја потопил во када?


Првото обвинение против Ник Гордон е дополнето со нова оптужба во која стои дека Ник и дал на Боби смртоносен коктел со лекови и ја турнал во када полна со вода. После целодневната забава, Ник Гордон (25) се вратил дома и ја обвинил Боби Кристина Браун дека го изневерила.bobi-kristina-braun-vitni-hjustytjtyjyton-cerka-foto-tviter-1389351003-425145

– Избувна жестока расправија меѓу нив, а се расправаа во кујната, во дневната соба, па потоа и  во спалната соба. Одеднаш се стана тивко – стои во обвинението, пренесува „Дејли Меил“.

Тогаш наводно, Гордон на Боби Кристина и дал смртоносен коктел со лекови после кој паднала во несвест, а потоа ја турнал во када со ладна вода, со лицето свртено надоле.

Според документот кој го видела екипата на „NBC”, во куќата со нив била уште една девојка која го видела Гордон како излегува од бањата во нова облека.

Боби е пронајдена со натечена усна и без еден заб. Од тогаш, во кома помина шест месеци, а умре на 26 јули.

Семејството на Боби смета дека Ник е виновен за нејзината смрт, и поради тоа не му дозволија да присуствува на нејзиниот погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1