Верник оставил 500 евра во соборниот храм во Скопје – биле лажни


Свештениците од соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје биле пресреќни кога крај иконите во храмот, меѓу ситните пари нашле банкнота од 500 евра, но за жал таа била лажна, пишува Нова Македонија

Биле разочарани кога за многу кусо време утврдиле дека се работи за ,,фалс,, банкнота. Хартијата била мазна, а на неа пишувало дека се работи за промотивен материјал. Се работело за рекламен флаер за поволни кредити од една банка. Свештениците не пријавиле во полиција бидејќи не се работело за фалсификувана банкнота туку за рекламно флаерче.

Отец Сашо, старешината на Соборниот храм, за Нова Македонија, вели дека тоа е прв случај некој посетител да остави лажна пара во црквата, а според анализите на свештенството, верниците се помалку пари оставаат во црквите.

Најголема банкнота што ја виделе е 1000 денари, а најчесто се оставаат 10 денари и ситни пари.

,, Бројот на верници што ги посетуваат црквите остана ист, само се намали нивната финансиска моќ. Сите се свесни за тоа, па затоа нема логика некој да остава лажни банкноти,, изјавиле свештениците за Нова Македонија.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1