Верувале или не, пациент во Русија се разбудил среде операција и отишол на пиво!
Овој пациент избегал од сопствената операција барајќи пиво, а на себе носел само болнички чаршав.
Сестрите пред операцијата одбивале да му дадат пиво, па тој се разбудил среде операција, ги откинал од себе инфузијата и другите апарати на кои бил приклучен и избегал од болницата.
Кога се појавил во продавница, не сакале да го услужат и веднаш викнале полиција, која го вратила во болницата
Полицијата најави санкции за медицинскиот персонал во болницата, бидејќи дозволиле да се случи ваква бизарна случка.
Не е познато од што бил опериран човекот.