Семејството Рамадан од Охрид остана без својот скромен дом,силниот ветер и обилните врнежи од дожд и снег деновиве ја урнаа трошната куќа на самохраниот родител кој живее со своите две деца со пречки во развојот.
За среќа во моментот кога се урнала куќата немало никој во неа . Неџат Рамадан после смртта на неговата сопруга самиот се грижи за своите деца едвај сврзувајќи карај со крај.
Градоначалникот Бакрачески кој денеска беше на лице место најави дека ќе се обезбедат парични средства и материјал за да му се помогне на семејството.
Семејството моментално е сместено кај соседите Рамадан не може да работи бидејќи мора да се грижи за своите тешко болни деца тој бара помош од стите химани луѓе да му помогнат.