Вежбањето на мозокот може да не направи попаметни


Повеќето луѓе како се приближуваат кон 50 година од животот забележуваат дека нивната меморија и ментална јасност не се повеќе она што биле. Наеднаш неможат да се сетат каде ги оставиле клучевите, ако ги држеле в рака пред само неколку моменти или неможат да се сетат на името на стар пријател, или пак на името на бенд кој порано многу го сакале. Како што мозокот почнува да бледее така луѓето имаат тенденција тоа да го ублажуваат нарекувајќи го „моменти на старост“. 

20130225-vezhbanjeto-na-mozokot-mozhe-da-ne-napravi-popametni-1Иако ова изгледа невино и незначајно, но губењето на менталниот фокус може да има пресудно влијание на професионалниот, социјалниот и личниот живот.

На повеќето луѓе им се случува, но дали е неизбежно?

Неуролозите тврдат дека има многу работи кои можат да се сторат за да се избегне оваа состојба. Изгледа дека на мозокот му треба вежбање исто колку што им треба на мускулите. Правилните ментални вежби можат значително да ги подобрат когнитивните функции на човекот.

Мислењето првично е процес на создавање на ментални врски во мозокот. До одреден степен нашата способност да создаваме невронски врски кои се поттикнати од интелегенцијата е наследна. Сепак бидејќи овие врски се создаваат преку напор и вежбање, научниците веруваат дека интелигенцијата може да се зголемува и да варира во зависност од менталниот напор.

BrainСега една нова компанија од Сан Франциско создаде прва „програма за мозочен тренинг“ создадена да им помогне на луѓето да си ја вратат својата ментална јасност. Програмата е креирана од некои од водечките експерти на полето на неурологијата и когнитивната психологија од Универзитетот „Stanford“.

Програмата за секој корисник води посебно досие во кое се забележува нпредокот . Што е најважно програмата постојано се модифицира и ги подобрува своите игри кои луѓето ги играат за да ја зацрврснат својата ментална фокусираност. Исто како што физичкото вежбање што доведува до поцврсти мускули така и овие игри доведуваат до поголем разум.

Успешно ли е?

Изгледа дека да. Студентите кои секојдневно во период од 6 месеци ги играле овие игри постигнале напредок во своите математички вештини и од претходно биле подобри за 34%.

Корисниците велат дека забележале големо подобрување на нивната меморија. Оваа програма е наречена „ Lumosity“ и засега е бесплатна.

Извор – Факултети

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1