Ви благодарам – мајка ги пронајде хероите кои го спасиле син ѝ пред 10 години (Видео)


Докторите се вистински херои кои секојдневно спасуваат животи. Сепак, ретко го слушаат моќното „ви благодарам“, иако тоа е најмалку што заслужуваат.

Кели Хадок е инспиративна мајка, која една деценија по тешка сообраќајна несреќа во која загинал нејзиниот сопруг, а која за малку ќе била фатална и за нејзиниот син, ги пронајде хероите кои го спасија за да им се заблагодари.

majka spasuvaci

Видеото од нејзиниот проект за заблагодарување изнудува солзи и затоплува срца низ целиот свет.

Тешката сообраќајна несреќа се случила во 2004 година. Сопругот на Кели, Еј Џеј, загинал на лице место, додека 14-месечното бебенце Илај и самата Кели биле тешко повредени и веднаш биле пренесени со хеликоптер во болница.

„Ништо не можеше да ме подготви за она што следуваше“ – пишува Кели на својот блог. Откако се освестила, нејзе ѝ биле соопштени ужасните вести за смртта на сопругот и за тешката здравствена состојба на нејзиниот син. Прогнозите на докторите за заздравувањето на Илај не биле воопшто добри. Еден од нив ѝ рекол на Кели дека дури и во случај Илај да преживее, нема да живее долго, да оди, да зборува или да покажува емоции.

cbdgujerknymklmi

 

И покрај тоа, докторите дале сè од себе за да му го спасат животот на Илај и една седмица по несреќата, Кели и Илај биле пуштени на домашно лекување.

„Имаше тим од херои кои помогнаа да се спаси животот на мојот син“ – вели Кели во краткиот документарен филм. „Оттогаш сонувам да ги пронајдам и да одам да им се заблагодарам“ – додава таа.

Преку проектот „Thank You“, Хадок успеала да ги пронајде сите членови на тимот и да ги покани на забава организирана специјално за нив. Некои од нив биле тотално изненадени, затоа што никој досега не им се имал заблагодарено за она што го прават.

Во видеото, на еден од докторите Кели му вели: „Вие бевте првиот доктор кој веруваше во нас, и веруваше во мене, и веруваше дека има решение кое ќе помогне Илај да биде подобар.“

Денес Кели има уште две деца со новиот сопруг, кој го посвоил Илај. Видеото ги прикажува емотивните средби со докторите, како и забавата на која во еден момент роднините и пријателите на Кели долго им аплаудираат на докторите-херои.

Извор: Фемина

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1