Девојче во Ново Мексико паднала од 15 метри висина при незгода додека била на ски лифтот. 17 годишната Jacob Gutierrez, зимувала во Ski Santa Fe resort и сакала да фрли топка со снег кон пријателите во количката пред неа кои снимале со мобилен, но изгубила рамнотежа и се лизнала. Се држела неколку секунди за количката, а пријателот до неа се обидел да и помогне, но не успеала да се додржи бидејќи не носела ракавици во моментот и паднала.
,, Бев престрашена, размислував како морам да внимавам како ќе паднам за да не се повредам. Мислев дека ќе умрам, раскажало девојчето.
Тинејџеркта при падот ја удрила главата од камен, имало крв на секаде но успеала да преживее. Падот го снимил нејзиниот пријател Dallas Meiring, 17, снимал со камерата на својата скијачка кацига, вели сакавме точно да им покажеме на екипата за спасување каде се наоѓа за да не бараат долго, знаевме дека е клучно брзо да ја најдат, рекло момчето.
За среќа девојчето со хеликоптер итно е пренесена во болница во Албакурки. Три дена била на интезивна нега со сериозни повреди на главата и телото, имала оштетен црн дроб, ребра, фрактура на главата, но за среќа се извлекла и преживеала.