Група од 20 мажи нападнале девојка која излегувала од дискотека во GUVAHATI Индија. Девојката била буквално линчувана – ја влечеле за коса, ја шутирале и на крајот ја силувале.
За време на инцидентот на само 20 метри стоела полицијата која не мрднала со прст. А кога бил пријавен нападот им требало еден час да дојдат и да направат увид.
На девојката никој не и помогнал – освен еден новинар кој се нашол на местото и кој ги направил овие видео снимки, со чија помош се идентификувани напаѓачите. Веќе е распишана потерница по нив.