Гори цела планета – пожари во Грција, Шпанија, Турција, Црна Гора



Блаканот врие. Високите температури кои го зафатија неделава предизвикаа разгорување на многу шумски пожари кои беснеат по планините.

Пожарникарите мака мачат да ги стават под контрола. Највисоки температури во регионот се измерени во Турција каде живата на термометрите вчера покажала над 50 степени целзиусови. Весникот „Заман“ објави дека вчера во популарното туско одморалиште на Средоземното Море, Анталија била измерена температура од 52 степени Целзиусови. Во Мерсин викендов се измерени 48 степени, а во реоните на Адана и Анкара температурата се искачи над 40-от степен. Турските медиуми наведуваат дека поради жештините во текот на викендот многу населени места во јужна и југозападна Турција наликувале на „градови на духови“.

На Кипар покрај високите температури кои се за дури 7 степени повисоки во споредба со лани, дополнителни проблеми предизвикува и зголемената влажност на воздухот. Тамошните метеоролози заладување најавуваат за четврток.


Во соседна Атина денеска се очекуваат температури од 42 степени Целзиусови, поради што Акропол ќе биде затворен за посетители по 14 часот. Во некои делови на Грција се најавуваат температури и до 43 степени. Во некои делове прогласена е и црвена фаза на опасност од горештините.

Во Грција имаше и полни раце работа за пожарните служби поради разбеснетите пожари источно од Атина и во северниот дел на земјата. Најголемиот пожар избувна во шума покрај Солун, кој бил предизвикан од неизгасната цигара.

Високите теемператури вчера предизвикаа интензивирање на пожарите во севeрните делови на Црна Гора, а ситуацијата беше најсериозна во селото Премќани кај Плевља, каде изгореа пет куќи.  Повеќето големи пожари утринава се ставени под контрола, но и натаму е во прекин регионалниот пат Мојковац-Ѓурѓевиќа Тара, пред се, заради опасноста од одрони. На подрачјата што беа зафатени од огнената стихија ветрот се смири, така што ситуацијата, засега, е стабилна. Црногорските пожарникари наведуваат дека е многу неблагодарно да се дава прогноза кога огнената стихија во целост ќе биде запрена, бидејќи заради ветрот повторно може да дојде до распламтување на пожарите.

Во јужните делови на Романија во текот на викендот температурите се движеа меѓу 39 и 41 степен, што резултираше со рекорден број туристи на црноморскиот брег на Романија. Според романските медиуми, во романските црноморски одморалишта викендот престојувале 120.000 туристи.
Романија синоќа и во текот на минатат ноќ беше зафатена од невреме проследено со силен ветер и дожд. Во градот Бакау се откорнати неколку покриви и се урнати повеќе дрва и семафори. Поројните дождови предизвикаа и поплави во некои рурални делови на Романија. Романските медиуми објавуваат дека едно 12-годишно момче загинало вчера, откако било погодено од гром додека работело на поле во едно село во западна Романија.


Пожари се шират и во други делови на земјата. Во Италија забележани се повеќе од 30 активни жаришта. Најдраматична е ситуацијата во регионот Сан Теодоро на Сардинија каде при експлозија на резервоар во градот Бадуалга повредени се четворица пожарникари.
Околу 500 луѓе денеска се евакуирани од селата и хотелите во Сардинија поради големите огнени стихии за кои ангажирани сее четири авиони за гасење пожар. Најголем проблем при гасењето на пожарите и во Италија претставува брзината на ветрот кој се движи со повеќе од 40 километри на час.

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1