Сириецот фрли со чевел кон Ахмадинеџад и го погоди неговот обезбедување. Нападот со чевел во арапскаа култура се смета за големо омаловажување
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад бил мета на напад со чевел, што го извел еден Сириец, чин што во арапската култура се смета за едно од најтешките омаловажувања на една личност, јавува Анадолија.
Ахмадинеџад, кој се наоѓа во Каиро каде присуствува на состанокот на Организацијата на исламската конференција (OIC), откако бил на вечерна молитва во џамијата Хз.Хусеин во Каиро, бил мета на напад.
Напаѓачот е Сириец, меѓутоа чевелот погодил еден од обезбедувачите на иранскиот претседател. Анадолија дознава дека Сириецот кога го гаѓал, со чевел, иранскиот претседател извикал „Ги убивте нашите браќа”
Makfax