Масовно труење на животни во Скопје


Активисти од здруженија за заштита на животните веќе неколку денови на своите Фејсбук профили објавуваат дека во Скопје се врши масовно труење на животни.

kuceСамо за неколку денови се забележани 13 труења, објави здружението „Анима Мунди“:

1) 21/01/2013 – Расадник/Радишани: отруени 5 домашни кучиња, 2 мачки, 3 улични кучиња, се претпоставува отровот е ланата.

2) 23/01/2013 –  Расадник/Радишани: едно улично куче, се претпоставува отровот е ланата.

3) 28/01/2013 – Бутел 1 кај Прокредит Банка: еден домашен миленик куче (лабрадор), се претпоставува отровот е ланата.

4) 30/01/2013 – Водно: 3 умрени кучиња (1 куче после 5 дена умре); се претпоставува отровот е комбинација од отрови (ланата + уште неколку нервни отрови).

5) 30/01/2013 – Лисиче: едно умрено куче, се претпоставува отровот е ланата.

6) 31/01/2013 – Капиштец, Центар за посебни потреби: едно умрено куче, се претпоставува отровот е ланата.

7) 01/02/2013 – Козле, Бензинска пумпа Мак Петрол: отров најден во леб (отстранет), нема евидентирано мртво животно.

8) 02/02/2013 – Жданец, игралиштето:  усмртени неколку животни, се претпоставува отровот е ланата.

9) 02/02/2013 – Црниче (дисконт Лаки): усмртени неколку кучиња, се претпоставува отровот е ланата.

10) 03/02/2013 –  Катастар, Веро и во делот кај зградите спроти Педагошки факултет: едно отруено куче, се бори за живот.

11) 04/02/2013 – Лептокарија: најден отров во кеса со коски, нема евидентирано мртво животно

12) 05/02/2013 – Кисела вода- паркот спроти СП Маркет: отруени повеќе мачки.

13) 05/02/2013 – Лисиче: последна 5-ка, отруено едно куче.

Од здружението апелираат секој што ќе види мртво животно да пријави во полиција (192), која е должна да дојде на лице место и да направи записник. Доколку не го направи тоа, пријавете во Внатрешна контрола.

Отровот најчесто е сокриен во парче храна, како леб, месо и месни производи.

kucinja otrov„Знаците на труење се јавуваат 10 до 30 минути од земањето на отровот, во зависност од количината храна која се наоѓа во моментот во желудникот. На почетокот се јавува тресење на мускулите на целото тело со грч на мускулите за џвакање, повраќање, појава на пена од устата, зголемување на телесната температура и пролив. Доколку не се лечи , скоро секогаш завршува со смрт.

Постои можност за излекување, но од големо значење е да се однесе затруеното животно веднаш на ветеринар или да се повика службата за домашни посети. Со изминување на времето се намалува можноста за излекување и неминовно доаѓа до смртен исход. Затоа, ако забележите некои од горенаведените знаци, особено ако вашето милениче изеде храна од улица, веднаш обратете се до најблиската ветеринарна установа.

Доколку забележите дека вашето милениче или некое улично куче или маче е отруено, веднаш однесете го на ветеринар“, информираат од здружението „Љубов за животните“.

Отровот е смртоносен, а покрај животните, може да настрада и некое дете.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1