Саркофагот на Александар во новиот Археолошки музеј (ФОТО)


Sarcophagus7

Kопијата од Александрискиот саркофаг од 4 век пред новата ера, чиј оригинал е изложен во Археолошкиот музеј во Истанбул, ќе биде еден од најатрактивните предмети во новиот Археолошки музеј во Скопје.

-Турците првпат ни дозволија изработка на копија, имајќи ги предвид нашите културни и пријателски односи, изјави за Дневник Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Станува збор за камен објект од 4 век пр.н.е. украсен со барелјефни резби со Александар Македонски. Откриен е во некропола близу Сидон, Либан во 1887 година.

Саркофагот е направен од полихромен мермер во облик на храм.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1