ВИДЕО: Апсењето на третиот напаѓач од бриселскиот аеродром


Белгиецот Мохамед Абрини, кој беше баран од полицијата и за кого се верува дека е „човекот со шапка“ или „човекот во бело“ кој се товари за нападите во брислескиот аеродром Завентем е уапсен денес.apsenjeto-na-abrini

Абрини беше баран ипоради сомнение за поврзаност со терористичките напади во Париз минатата година, уапсен е денес, објавува белгиската телевизија VRT.

31-годишниот Абрини беше на листата на најбараните луѓе во Европа, а идентификуван е со помош на надзорните камери.

На тие снимки, направени на два дена пред нападите изведени на 13-ти ноември во кои загинаа 130 лица во Париз, Абрини се наоѓа во автомобил заедно со Салах Абдеслам, најважниот преживеан терорист кој учествуваше во крвавите напади во француската престолнина.

Arrestation de Mohammed Abrini en direct.

Posted by Sebastien Dana Kamran on Friday, 8 April 2016

Абдеслам беше уапсен во Брисел пред две недели, четири дена пред припадници на ИД и негови познаници да го изведат нападот во истиот град.

Вчера белгиската полиција објави нови видео снимки од третиот напаѓач на бриселскиот аеродром. На видео снимката беше направена целосна реконструкција за движењата на напаѓачот пред и по нападите од Брисел.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1