Видео: Бомбаш самоубиец убил политичар на свадбата на неговата ќерка


Познатиот Авганистански политичар Ахмад Кан Самангани и уште 20 луѓе беа убиени од бомбаш самоубиец во северниот дел на покраината Саманган.

Нападот бил извршен за време на свадбена церемонија на неговата ќерка во Ајбаку, главниот град на покраината. Напаѓачот влегол на забавата како гостин, а пред да ја активира бомбата се поздравил со политичарот.
Убиениот политичар, бил клучен воен командант и член на парламентот, а го поддржувал и режимот на претседателот Хамид Карзаи и му се спротивставувал на генералот Абдул Рашид Достум, поранешен регионален командант во граѓанската војна во северен Авганистан. При експлозијата полесно настрадале уште четириесет лица вклучувајќи висок воен командант и шеф на разузнавачката  служба.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1