Епископот Борис кој е поглавар на вториот по големина манастир во Бугарија, Бачково денеска е сменет бидејќи на интернет се појави видео снимка на која се гледа како тој оргија со четири жени.
Епископот Борис е прогласен за виновен поради дејствија што се недостојни на неговата позиција наведено е во соопштението од светиот синод. Ова е најнов скандал што ја потресува црквата во која веруваат 80 проценти од Бугарите.
Во јануари 2012 година кога се отворени владините архиви се откри дека дури 11 членови на светиот синод биле агенти на поранешниот комунистички режим.
Еден од нив беше и епископот Кирил кој беше критикуван за луксузниот живот што го водел. Неговото безживотно тело беше пронајдено на плажа минатото лето.