Таткото Ира ја влечел за коса, клоцал и ја фрлил низ прозорецот. Сериозно е повредена и се опоравува во болница. Мајката рече дека ќе се разведе од силеџијата кој оди во затвор.
Ира Ф. (9) од Русија, им раскажа на новинарите на Life.News дека нејзиниот татко ја тепал и ја фрлил низ прозорецот од петтиот кат. Сериозно повредена девојчето се опоравува во болницата во Москва. Девојчето кажа дека нејзиниот татко често пие, а потоа многу е агресивен.
– Тој дојде во мојата соба. Ништо не ми кажа, но почна да ме влече за коса. Викав за помош. Три пати ме удри по главата. Ме удри и по устата и почнав да крварам – рече ИРА. Тогаш ја довлечкал до прозорецот и ја фрлил.
Ѝ помогнаа соседите кои повикале полиција и брза помош. Светлана, мајката на Ира, откако дознала дека нејзиниот сопруг ја фрлил низ прозорец, кажа дека ќе бара развод.
Нејзиниот сопруг Михаил Федорченко инаку работи во Министерството за вонредни ситуации, а сега најверојатно ќе заврши во затвор.
kukuriku