Нејзината смрт ја предизвикала токсичната состојка на оваа пилула, динитрофенол, позната како ДНП. Таа делува така што буквално ја гори внатрешноста на телото. Токму тоа и се случило на оваа несреќна девојка.
Нејзината мајка Фиона Пери во својата потресна исповед за смртта вели дека Елоиза буквално изгорела во внатрешноста на телото и експлодирала.
– И се слоши на 12-ти април за време на ручекот. Веднаш ја однесовме во болница и им објасни на лекарите какви таблети за слабеење земала. Сепак, беше дозна за лекарска помош… А ми делуваше дека ќе биде океј, вели тажната мајка.
Лекарите веднаш направиле токсиколошки наод. Во нејзината крв била најдена огромна количина ДНП. Препорачаната доза била две таблети дневно, а таа земала осум.
– Кога таа количина од супстанца поминала низ нејзиниот организам, тотално го запалила. Ги спржила сите нејзини органи. Кога престанала да дише, ја ставиле на апарати за дишење, но ништо неможело да се направи, открива мајката.
Фиона напоменува дека нејзината ќерка ги нарачала овие таблети преку Интернет и ги предупредува другите родители да водат сметка за тоа што нивните деца купуваат.
Инаку ДНП е познат како „неверојатно чудо за слабеење“, а овој лек што Елоиза го земала се продавал на нерегистрирана интернет страница.