Во својот последен говор кој го одржа за време на доделувањето на наградите „Memphis Music Hall“,Тимберлејк ги стопи срцата на сите присутни, со своите искрени зборови и солзи. Тимберлејк во неколку мигови добива наплив на силни емоции, посебно кога зборува за својата сопруга, актерката Џесика Бил.
Парот од неодамна го доби своето прво дете, Силас Рендал.
-Ова е една од најубавите работи која ми се има случено во животот, изјавил Тимберлејки продолжи да зборува низ солзи за неговата сопруга:
-Таа е убава, топла и полна со разбирање за мааните на својот сопруг. Те сакам повеќе од сите зборови кои можам да ги склопам заедно и од сите песни кои можам да ги напишам, рече славниот пејач.