Видео: Додека имала клиничка смрт разговарала со Бог


Кристал МкВеj од Оклахома тврди дека за време на нејзината клиничка смрт која траела 9 минути разговарала со Бог.

Деветте минути клиничка смрт во 2009 година се виновни за тоа што Кристал станала верник. Таа тврди дека пред ова искуство била атеист, но за време на клиничката смрт разговарала со Бог.

Поради детството полно со страдање таа престанала да верува во Бог.

raj„Секогаш верував дека Бог ме напуштил, дека не ме спасил и сакал. Сметав дека не постои“, вели Кристал.

Откако како тинејџерка абортирала била уверена дека, доколку Бог постои, тој дефинитивно повеќе нема милост за неа.

Таа во 2009 година е однесена во болница поради воспаление на панкреасот. Последно на што се сеќава е дека примила лекови и заспала. Набрзо нејзиното срце престанало да чука, а лекарите се бореле за нејзиниот живот следните девет минути.

Кристал сведочи дека тие минути била на најмирното место на кое некогаш била. Кога ги затворила очите во болницата, вели, дека се разбудила во рајот.

„Стоев во прекрасна светлина и веднаш препознав каде сум. Знаев која сум“, вели таа.

„Во рајот, вели, времето застана. Уверена сум дека покрај мене имаше два ангели бидејќи не изгледаа како никој на Земјата“.

Кристал вели дека во еден момент и се претставил Бог. Тврди дека ја чуствувала неговата присутност. Немало потреба за комуникација со зборови. Вели дека Бог и се покажал во повеќе облици, а еден од нив бил обликот на млада девојка која игра и се смее.

Се сеќавам дека се чуствував ослободено од сите лаги кои ги живеев и невистини дека Бог не ме сака, раскажува таа.

Вели дека во неа владеело такво чуство на среќа, што кога Бог ја прашал дали сака да се врати кај сопругот и децата, таа одбрала да остане во рајот. Додава дека Бог ја уверил дека тие ќе бидат добро без неа. Но, кога ја слушнала својата мајка како ја довикува покрај болничкиот кревет, се предомислила.

Ми беше жал за мојата мајка и се свртев од каде што и доаѓаше нејзиниот глас. Бог ми рече: Раскажи им го она на што се сеќаваш, вели таа. Во тој момент се разбудила во болницата.

Кристал не е првата личност која тврди дека комуницирала со Бог во состојба на клиничка смрт. Научниците велат дека ваквите искуства имаат и биолошко објаснување за нуспојавите на лековите во телото.

Но, Кристал не го признава биолошкото научно објаснување, тврдејќи дека она што неа и се случило е реално. Своето искуство, таа го опишала и објавила во книгата „Разбудете се во рајот“.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1