ВИДЕО: Доналд Трамп – Џукановиќ стои зад трговија со дрога и оружје


Порталот “IN4s” објави ексклузивни материјали од новиот промотивен филм на Доналд Трамп во кој ја критикува надворешната и внатрешната политика на Обама.  Ги критикува нарушувањето на традиционалните вредности преку промовирање на хомосексуалноста, растот на насилството меѓу малолетниците кое завршува со убиства во училиштата.donald tramp

Мета на критиката е и пријателството на Обама со Џукановиќ , Трамп во валканата кампања прашува зошто Обама започнал пријателство со толку маргинална политичка фигура како Џукановиќ, личност која е длабоко вклучена во активности како што е шверц, меѓународна мафијашка организација, која организира трговија со наркотици и оружје.

За граѓаните на Балканот најинтересен дел од овој пропаганден филм претставува критиката за ширењето на НАТО и активностите на неговиот генерален секретар: “Столтенберг повикува нови земји од источна Европа. Тие не се ни политички, ни економски доволно силни, воените потенцијали на НАТО со нивното членство не се зголемуваат, а трошоците од нивното членство ги зголемуваат расходите на американските граѓани…Уште еден куриозитет е поврзан со владеењето на Обама. Во земјите во кои се појавува господинот Столтенберг, ЛГБТ активистите како по правило излегуваат на улица, што предизвикува демонстрации и социјално незадоволство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1