Досега невидена подводна снимка од „Коста Конкордија“, потонатиот италијански крузер, во кој починаа 32 патници и членови на екипажот, ја објави телевизијата СВЅ, чија екипа користела разни начини што повеќе да се доближи до потонатиот брод и да го сними одвнатре.
Продуцентот Rich Bonin рекол дека се’ е снимено со мали „хеликоптери“ , како оние со кои си играат децата, на кои биле прицврстени камери за што поблизу да се приближат до бродот.
„Кога сфаќаш дека во декември во еден часот по полноќ надвор е проклето ладно и дека луѓето кои спиеле паднале во студената вода, тие сцени од трагедијата силно те погодуваат“ – заклучил Rich Bonin.
Остатоците од крузерот сеуште стојат насукани на местото на несреќата, пред тосканскиот остров Гиљио, и потсетува на трагедијата во која на 13-ти јануари 2012-тата година животот го изгубиле 32 лица.